Кормиер му порача на Павлович да го чека шампионскиот меч

Сергеј Павлович доби шест последователни победи по поразот во дебито во УФЦ против Алистер Оверем, а сите ги постигна со нокаут во првата рунда.

Минатиот викенд рускиот борец го совлада Картис Блејдс со прекин во првата рунда и потврди дека е еден од оние кои заслужуваат атак на титулата шампион во тешка категорија.

Но, борбата за појасот ќе треба да почека малку, бидејќи на ред е Стипе Миочиќ. Американско-хрватскиот борец треба во ноември да се бори со шампионот Џон Џонс во Њујорк.

Павлович сега треба да одлучи дали ќе чека „шанса за титула“ или ќе има уште еден меч за да остане активен и да го потврди своето место како предизвикувач.

И веројатно ќе ја чека приликата. Токму тоа му го предлага поранешниот двократен шампион, а сега коментатор на УФЦ, Даниел Кормиер.

„Тој треба да се појави во мечот за титулата како замена и да направи мерење. Се сомневам дека му треба уште еден меч. Сергеј беше замена за мечот меѓу Сирил Гане и Џон Џонс. Не доби шанса, но нешто заработи“, изјави Даниел Кормиер и продолжи:

„Добро е, добиваш пари, а можеби и шанса да се бориш против шампионот. Други борби би биле чекор назад за Павлович, па дури и мечот против Миочиќ. Не сум сигурен дали му треба таков меч во овој момент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО