Корио со пет медали од „Империум опен“, а Иван Горгиовски се преплати на златни медали

Таеквондистите на Корио со нов успех на меѓународната сцена, освоија 5 медали – 1 златен и 4 борнзени на Меѓународниот турнир „Империум опен 2022“ во Белград, Србија, во конкуренција на 730 натпреварувачи од  8 земји, односно 59 клубови.

Иван Горгиовски освои златен медла во сениорска конкуренција А класа до 87 килограми.

Бронзи освоија:

Михаил Ангелевски кадет  – 61 кг

Емилија Костовска кадет – 33 кг

Горгија Ангелевски кадет – 41 кг

Дамјан Цветановски – 25 кг пионери

Од клубот истакнуваат дека Алескандар Ангеловски (- 33 кг, кадет) изгубил во борба за медал од актуелниот шампион на Србија, но покажал одлична борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО