Домашна сценаТаеквондо

Корио победник на Меѓународниот теквондо турнир „Илинден опен”

Изминатиов викенд се оддржа Меѓународниот теквондо турнир „Илинден опен” во спортскиот комплекс „Гоце Делчев“ во Илинден, Скопје, на кој генерален пласман првото место го освои Корио Кисела Вода, пред Младост и Астерикс од Ниш.

Учествуваа повеќе од 350 натпреварувачи од регионот на Илинден опен, а натпреварот ги судеа судии од Македонија и Србија.

Турнирот беше во организација на ТК Младост и Македонската теквондо Федерација,со поддршка на Општина Илинден.

Настанот го отворија претседателот на МТФ Борче Костовски и пратеничката Драгана Бојковска.

Пласман „Илинден опен 2025“:

1. ТК Корио Кисела Вода – 151 поен
2. ТК Младост – 116 поени
3. ТК Астерикс (Србија) – 90 поени
4. ТК Феникс – 88 поени
5. ТК Штип – 88 поени
6. ТК Бутел – 77 поени
7. ТК Хваранг – 72 поени
8. ТК ГОДЕЛ – 33 поени
9. ТК Кобра 31 поен
10. ТК Те Макс – 30 поени
11. ТК Поомсае – 20 поени
12. ТК Сила – 20 поени

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON