Конор во друштво со Вајт се пофали со хонорарот за победата над Цероне

Ирскиот ММА борач Конор Мек Грегор на Инстаграм објави фотогалерија од последното дружење со Дана Вајт при што му исплати бонус за победата над Доналд Цероне.

Мек Грегор за борбата против Цероне заработи 3 милиони долари, со 80 милиони долари од спонзорот и 50.000 долари за изведба на вечерта.

Ирецот е најатрактивниот и најпопуларен УФЦ борец и без сомнежи неговите борби носат најголема заработка. Бонусот од Вајт е само мал дел од заработката што ја оствари за првата борба по поразот од Хабиб во 2018 година.

Прашање е сега против кого ќе се бори Мек Грегор. Иако многумина посакуваат борба против Хабиб, можеби таа борба има најмалку шанси во овој момент, но се е свртено во таа насока и кога ќе дојде до точка на вриење, повеќе од сигурно дека ќе се одржи. Можно е да го видиме Конор и против Мејведер или некој друг.

За потсетување, по само 40 секунди Мек Грегор стигна до победа против Доналд Цероне на УФЦ 246 настанот во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО