Вардар освои 6 медали на Изборните првенства за јуниори и пионери

Борачите на Вардар вчера во Скопје на Изборните првенства во јуниорска и пионерска конкуренција освоија шест медали – 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.

Медалите ги освоија: Марија Неделковска и Кристијан Славевски златни и Петар Спирковски бронзен во пионерска конкуренција. Во јуниорска со медали се закитија Јована Неделковска – златен, Стефан Станоев – сребрен и Виктор Арсовски – бронзен.

Покрај медалистите, вардарци имаа и шест петти места во двете конкуренции.  

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО