Крис Киборг ја нокаутира Џулија Бад за шампионската титула на Белатор

Крис Киборг го направи своето деби од соништата во Белатор. Таа се сретна со шампионката во перо категорија Џулија Бад во главната борба на Белатор 238, во Калифорнија. Во тешка борба Бразилката се покажа како подобра. Киборг ја повреди Бад со удари, а двете често влегуваа во клинч, при што Бразилката го диктираше темпото.

Нивниот меч траеше четири рунди, во кој Крис не и даде шанса на противничката и ја доби секоја рунда. На почетокот на 4 рунда, Киборг го подигна темпото и ја притисна Бад со силни удари. Бразилката не покажа милост и удираше силно, додека Бад не падна на колена, а судијата интервенираше за да ја спаси.

Така, со победата Крис ја освои титулата во перо категорија на Белатор  И сега има титули од Страјкфорс, Инвикта и УФЦ. Таа влезе во серија од две последователни победи и посака организацијата да направи турнир за да се вклучи во него. Бад загуби прв пат по 8 години и ова е крај на нејзината серија од 11 последователни победи.

https://twitter.com/DAZN_USA/status/1221308173346320384?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkris-sayborg-nokautira-dzhulia-bad-i-pak-e-shampionka
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО