Конор Мек Грегор тренира со војничка дисциплина за Нејт Дијаз

Konor sedi so Kavanag

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, продолжува со напорни подготвки за УФЦ 202, очекувајќи го реваншот со Нејт Дијаз.

Ирецот има силна желба да се одмазди за поразот што му го нанесе Дијаз, а кој беше прва за него во УФЦ.

Не е тајна дека Конор тренира исклучително мотивирно за средбата, а вежбањето му се протега од Лас Вегас дури до Исланд. Тренерот на „Ноториус“, Џон Каванаг за ЕСПН изјави дека тренинзите на Конор се одвиваат со строга воена дисциплина.

„Ако треба да се произнесеам, во тренинг кампот има голем ред. Нема никаков хаос. Сè е многу дисциплинирано, стриктно во војнички стил. Пред тоа, се зависеше од Конор, дури и како се чувствува во одреден ден“.

„Камповите се базираат на цикличност. Секој ден стартуваме во 13:00 часот. Вечерта правиме кардио. Се е пресметано, ништо не опонира на прашањето „како се чувствувате“? Сите работиме заедно. Ништо од она што сме го правеле порано не може да се спореди со сегашнава работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО