Жарко Арсовски ѕвезда на преодниот рок, Фатјона Алиу во Дрини

Zarko-Arsovski---karate

Како и што можеше да се насети по измените што ги направи Извршниот одбор на Карате федерација на Македонија (КФМ) во очи на преодниот рок (од 15 до 30 јуни) во Правилникот за регистрација на карате клубови и натпреварувачи, имаше звучни трансфери.

Така, репрезентативецот Жарко Арсовски од КК Макпетрол премина во соствениот клуб КК Штип, а Фатјона Алиу од КК Арена во КК Дрини од Струга.

Fatjona Alii i Alim Drini

Како што пишува на ФБ страницата „Штипски Асови“, Жарко Арсовски повеќе од една деценија е член на македонската карате репрезентација и по 9 години се враќа во Штип.

Жарко Арсовски, Емил Павлов и Арсовски
Жарко Арсовски, Емил Павлов и Сашко Арсовски

Според наводите на страницата, тој добил исписница од КК Макпетрол, каде што беше член од 2008 година. Жарко Арсовски и постариот брат, Сашко Арсовски, се и тренери на најдобриот македонски каратист, Емил Павлов, европскиот шампион од Финска 2о14 година во категоријата до 60 килограми.
Арсовски на СП во Белград 2010 година го освои бронзениот медал, два пати е победник во Карате 1 Премиер лигата, 2012 и 2014 година, двократен европски универзитетски шампион 2009 во Белград и 2013 година во Подгорица. Во 2014 на ЕП во Москва е петти, а во Монпеље 2016 година -7-ми.
„Среќен сум што конечно се вратив во Штип, во КК Штип. Сега имаме одличен тим, со тројца квалитетни карате мајстори. За мане тоа е нов предизвик за нови успеси. Уште сега ги почнуваме подготовките за ЛОИ во Токио 2020 година, Но, пред тоа, годинава, во месеците септември и октомври, сите тројца Емил Павлов,Саше Арсовски и јас ќе настапиме на силниот турнир во Премиер лигата во Истанбул и СП во Линц, Австрија. Не чека голема работа. Верувам дека ќе успееме“, Арсовски.

За жал, и покрај тоа што најуредно побаравме од КФМ да ни ги достави сите трансфери во овој преоден рок, тоа до денска не се случи. Од друга страна, во одредени случаи пресудуваше Комисијата за регистрација. Големината на еден спорт е секогаш јавноста да биде информирана првовремено.

Ова како да навестува раздвижување во преодниот рок кај сениорите, пред се на репрезентативците. За сега има најави за трансфери за детска возраст и кај кадетите.

Да потсетиме дека ИО направи измени и дополнувања во Правилникот за регистрација на карате клубови и натпреварувачи во КФМ донесен на 17 декември 2010 година, при што има промена во член 16, каде што се доде нов став 5 кој гласи: „договор не го доставил до КФМ заради евиденција, во тој случај Комисијата ќе постапува како да не постои договор“. Во член 20, по став 3, се додадени нови ставови 4, 5, 6 и 7 кои гласат со кои „обврската за плаќање на обештетување од став 2 од овој член, не постои, доколку матичниот клуб во кој натпреварувачот членува и е регистририран, на натпреварувачот не му ги плаќал трошоците (патни трошоци, хотелско сместување и исхрана) за учество на натпревари предвидени со календарот на КФМ, ниту му исплаќал стипендии и награди, пред поднесување на пријавата за пререгистрација, и тоа за период од 2 (две) години за сениори, односно 1 (една) година за помлади кадети, кадети, јуниори и јуниори до 21 година, а за што на Комисијата и се доставува писмена документација“.

Потоа се наведува дека роковите од став 4 на овој член, мораат да бидат без прекин и контуниирани, а регистрацијата ќе се врши во преодниот рок предвиден со Правилникот. Од друга страна, е донесен став кој е во колизија со законската регулатива во нашата земја: „При регистрација на натпреварувачи во смисла на став 4 од овој член, не се навлегува во правата кои произлегуваат од меѓусебните граѓански договори“.

За пререгистрација на натпреваруивач Комисијата за регистрација донесува писмено решение во рок од 3 дена од поднесување на пријавата. Против решението може да се поднесе приговор до Извршниот одбор на КФМ, во рок од 3 дена од приемот на решението, а Извршниот одбор донесува одлука по приговорот во рок од 5 дена, која е конечна. Беа направени промени и во делот на обештетувањето при премин на натпреварувачот од клуб во клуб.

Од една страна, промените имат и позитивна насока, но ретроактивноста во примената на Правилникот е во спотивност со позитивните законски одредби во Македонија и Уставот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО