Конор Мек Грегор: Трамп е меѓу најголемите во историјата на САД!

Конор Мек Грегор го пофали Доналд Трамп. Fвездата на УФЦ се чини дека е огромен обожавател на американскиот претседател и го прогласи за еден од најголемите претседатели во историјата.

„Озлогласениот“ јасно се обидува да оствари посета на Белата куќа, со што може да се пофали Колби Ковингтон. Пред неколку години, Мек Грегор се виде со уште еден голем човек во политиката – Владимир Путин, а сега е решен да му се доближи на Трамп.

Во последните неколку години многу борци се повикуваат на американскиот претседател и му даваат поддршка. Пред неколку часа Трамп се пофали на социјалните мрежи за неговата успешна политика во текот на годините како претседател, а Мек Грегор му ласкаше:

„Доналд Трамп е феноменален претседател. Голема е веројатноста да биде најголемиот во историјата на САД. Со сигурност е еден од нив. Тој е неверојатен. Честит ден на Мартин Лутер Кинг“.

Во ноември се преседателските изборио САД, а Трамп сигурно може да се радува на поддршката што ја добива од sвездите како Мек Грегор.

https://www.instagram.com/p/B7C3JkPJ0Bn/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО