Конор Мек Грегор се разгалил во ресторанот на Нусрет Гокче

Ирската ММА ѕвезда Конор Мек Грегор уште еднаш го посети ресторанот на Нусрет Гокче, наречен Солт бае.

Гокче е сопственик на Нуср-Ет, синџир на луксузни ресторани за бифтеци. Од 2021 година има филијали на Нуср-Ет во Турција, Грција, САД, Обединетото Кралство, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија. Името на неговиот синџир ресторани доаѓа од неговото име и „Ет“, што на турски значи „месо“.

Се верува дека Мек Грегор го посетил ресторанот во Саудиска Арабија каде што беше во посета минатиот викенд. „Озлогласениот“ беше поканет да го гледа боксерскиот меч меѓу Френсис Нгану и Тајсон Фјури. Очигледно по борбата Мек Грегор се оппуштил и избрал да оди во ресторанот на Гокче.

На својот профил на социјалните мрежи Нусрет покажа видео од нивната средба. Во видеото Мек Грегор ужива во златен стек кој чини 1 000 евра. Ова беше второ гостување на Мек Грегор кај Нусрет. Прв пат се сретнаа пред неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО