Конор Мек Грегор се фали со ноакутите

Конор Мек Грегор се пофали на социјалните мрежи со своите нокаут победи. 32-годишниот Ирец објави видео од најдобрите победи и рече дека заспал повеќе борци отколку лекарите во хируршките зафати.

„Озлогласениот“ успеа да нокаутира 19 ривали во 22-те победи во кафезот. Мек Грегор може да се пофали со многу рекорди во најголемата ММА организација – УФЦ. Тој е борец кој победи во шампионски меч со најбрз нокаут.

Ова се случи во 2015 година против Хозе Алдо, откако го нокаутира за 13 секунди. На почетокот на оваа година Конор се врати со нокаут победа од 40 секунди над Доналд Цероне. Сега тој се подготвува за реванш со Дастин Пориер и нè потсетува на минатото.

„Заспивав повеќе борци отколку што работеа во оперативните зафати“, напиша Мек Грегор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО