Петар Арсовски го потврдува талентот-сребрен медал на Државниот шампионат на Бугарија (ФОТО)

Младиот боксер Петар Арсовски го освои сребрениот медал на Државниот шампионат на Бугарија, додека неговиот клуб Локомотив од Софија е екипен првак за 2020 година.

Патот до финалето на младиот Петар ни најмалку не беше лесен, ако се земеме предвид дека боксираше една категорија над неговата 46 кг.

Се подига во тежинската категорија до 48 кг, за да не се дуплира со клупските колеги на барање на тренерите.

Во четвртфиналето Петар се сретна Петков Александар од АСК Сливен, кој е скоро две години повозрасен и поискусен противник и воедно е 5-ти од ЕП за јуниори од Албена 2018 година. Бескомпромисност и решителност беа единственото оружје за нашиот боксер кој победи со 3-0.

„Полуфиналето беше вистински трилер со противникот од БК Русе, Савов Георги, кој е неколкукратен шампион на Бугарија. Прв пат во кариерата на Петар му е одброен нокдаун на почетокот од втората рунда. Единствениот пат до победа беше да го остави и срцето на рингот. Тоа и го направи за победа во полуфиналето со 2-1“, вели неговиот татко Александар.

Во финалето веќе се почуствува заморот, истакнува Александар, боксираше ден за ден со потешки и исклучително силни противници. Во тенка борба е поразен од Методиев Љубо од ЦСКА.

„Во финалето немав никаков проблем со противникот, избегнуваше директни дуели, а јас немав доволно сила да нагазам и да не му дадам простор за движење“, изјави Петар Арсовски.

Сепак ова е големо искуство за Петар кој покажа дека може да се надева на резултат на  ЕП за јуниори кое ќе се одржи во Софија кон крајот на ноември.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО