Адесања голем фаворит против Балхович

Шампионот во средна категорија Израел Адесања е фаворит на обложувалниците во битката со Јан Блахович.

Пред неколку дена Дана Вајт изјави дека ова ќе биде следната битка на непоразениот шампион. „The Last Stylebender“ ќе бара појас во друга категорија и ако веруваме во коефициентите, тогаш тој треба да се справи со искусниот ветеран.

Адесања доаѓа по нокаут победата над Пауло Коста, со којa ја одбрани титулата. Блахович, пак, доаѓа по нокаут победата над Доминик Рејес со која го освои појасот. Јан беше аутсајдер на многу од неговите средби и ова не е ништо ново за него. Тој е поранешен шампион во КСВ и е во серија од четири последователни победи, од кои три со нокаут. Еве ги коефициентите:

Коефициенти за победа на Израел Адесања – 1, 40 / – 250 /

Коефициент за победа на Јан Блахович – 3, 10 / – 210 /

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО