Дионтеј Вајлдер: Го нокаутирав Фјури во првиот меч (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер гори од желба да ја направи третата борба со Тајсон Фјури, но можеби нема да добие таква шанса. Во последните неколку недели, таборот на Фјури тврди дека Вајлдер го пропуштил крајниот рок за активирање на клаузулата за реванш, со која веќе не може да има претензии. Бронзениот бомбардер не се согласува и има намера да побара надомест на суд.

Нивната трилогија беше договорана за декември, но не е јасно дали воопшто ќе има меч. Пред неколку дена, Вајлдер го прекина молкот и рече дека Фјури мамел во нивната втора битка и имал скриено оружје во неговата ракавица. На еден од неговите последни настапи рече дека требало да победи со нокаут во првата борба, но беше надитрен.

„Да, слушнав за победата на Дејвис. Успеа да го нокаутира Санта Круз и борбата заврши. И јас го напрвив истото со Тајсон Фјури, ако не и полошо. Тоа се случи во 12-тата рунда, знаете што беше. Поветкин го нокаутира Вајт и ја прекинаа борбата кога Вајт се струполи. Сепак, тоа не се случи во борбата со Фјури. Судијата веднаш започна да вика в лице и да брои. Знаеш што беше тоа.

Но, тие ја посакуваа „големата бела надеж“. Вклучени се многу луѓе. Не беше случајно. Јас сум силен маж кој се враќа кај своите луѓе. Во секоја од моите битки, Мејведер се обложуваше на мене. Зошто одеднаш сака да ми помогне? Зошто? Не ми треба никој. Тој го прави тоа за да привлече внимание. Јас не ја чувствувам љубовта на Флојд и не го гледам тоа во неговите дела.

Ќе продолжам да покажувам величина во следните пет години. Тешката категорија е здодевна, а другите го немаат тоа што го имам јас. Ќе се борам за мојот народ. Ја сакам трилогијата. Не разбирам зошто Фјури бега. Тоа е само уште една битка. Знае дека ме изневери. Добро сум и уживам во животот. Не грижи се за мене. Запомнете дека тишината е злато, но, сепак, слушам и гледам. Кралот се враќа. Војната продолжува“, рече Вајлдер.

Вајлдер и Фјури водеа две борби, првата беше нерешена, а во втората Фјури му го нанесе првиот пораз и ја однесе титулата во тешка категорија на ВБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО