Светското првенство во самбо без публика, Македонија со 9 натпреварувачи

Светското првенство во самбо, од 5 до 8 ноември, во Нови Сад – Србија, ќе се одржи зад затворени врати, во согласност со неколку строги безбедносни правила, соопшти Меѓународната самбо федерација (ФИАС).

„Организацискиот одбор на Светското првенство вложи максимални напори да ги минимизира ризиците од инфекција кај спортистите. Затоа, сите спортисти, тренери, судии и медицински персонал, ќе мора строго да ги следат правилата за безбедност. Првиот чекор е да се направи ПЦР-тест за Ковид-19 72 часа пред пристигнувањето во Република Србија, следниот е да се создаде „чиста зона“ за сите учесници на натпреварот, т.е. движењето во Србија главно ќе се одвива помеѓу хотелот и салата “, коментира претседателот на светската организација Васили Шестаков и додаде:

„Очигледно, под овие услови, турнирот ќе се одржи без публика“.

Потсетуваме, првично беше планирано Светскиот шампионат за мажи и жени да се одржи во Ашгабат, Туркменистан, но поради пандемијата на коронавирусот, локалната федерација одлучи дека нема да може да се справи, а за домаќин беше одреден северниот сосед.

Настанот во Нови Сад ќе биде во комбинација со планираното Светско првенство за млади. Се очекува да учествуваат повеќе од 400 спортисти од 30 земји.

Боите на Македонија ќе ги бранат кадетите Берна Халиловиќ -56 кг, Душан Андонов -60 кг и Омар Факиќ +87 кг во спорт самбо; јуниорите Берна Идризи -56 кг и Бернард Реџиќ -90 кг и сениорите во спорт самбо-жени Маја Бобан -68 кг, а Семир Авдиќ -90 кг, Един Дураковиќ -100 кг во машка конкурендија, додека Бобан Данов +100 кг ќе настапи во комбат самбо.

Натпреварите можат да се следат „преку Интернет“ на веб-страницата на Меѓународната самбо федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО