Конор Мек Грегор: Масвидал има мозок како гулаб

Конор Мек Грегор не е импресиониран од заканите и навредите на Хорхе Масвидал.

Во своето последно појавување во медиумите, Гејмбред го обвини Мек Грегор дека користел стероиди. Најлошотo копиле во УФЦ изјави дека е подготвен да се бори со ирската ѕвезда. Хорхе верува дека во битка ќе му го скрши лицето на Мек Грегор.

На социјалните мрежи Мек Грегор му одговори на Масвидал и рече дека не мисли дека е многу интелигентен.

„Овој човек има мозок како гулаб. Неверојатно е колку е глупав“, напиша Мек Грегор на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО