Конор Мек Грегор ја доби наградата за борец на годината и го извреѓа Фабрицио Вердум: Каков шампион е тоа?

mma awards

Во Лас Вегас е одржана  World MMA Awards церемонијата која ја организира на „Фајтерс онли“, на која што Конор Мек Грегор е прогласен за борец на годината.

Ирецот на собраните и се обрати со видео порака.

„Се извинувам што не можев да бидам тука. Уште еден човек мора да биде убиен, уште еден шампион мора да биде тргнат од престолот. Рекородите мора да се уриваат. Морам да ве хранам вас-скитниците. Морам да гохранам секој од вас во оваа работа и затоа морам да продолжат да работам, бидејќи вие пропаднати не работите. Ви благодариме и си благодарам“.

Потоа се посвети на шампионот во тешка категорија, Фабрицио Вердум и неговото одбивање на борбата против Стипе Миочиќ.

„Имате шампион во тешка категорија кој е пичка, го откажа мечот поради згмечен прст. Каков шампион е тоа“?

Холи Холм доминираше на доделувањето. Славеше во четири категории – женски борец, борец кој најмногу напредувал, нокаут на годината, изненадување на годината.

Борбата на годината е онаа меѓу Роби Лоулер и Рори Мек Доналд.

Сабмишн на годината оди кај Ронда Русеј за победата против Кет Зингано. Враќање на годината го направи Еди Алварез против Гилберт Мелендез.

Рафаел Кордеиро е прогласен за најдобар тренер во 2015 година, додека Џексон-Винк е најдобрата ММА сала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО