Хет-трик на Моника Пендаровска: Поразот од Шаерер уште повеќе ме мотивираше за бронзениот медал! (ФОТО)

Monika Pendarovska sama na EP 2016

Моника Пенадаровска (-53 кг) направи хет-трик на европскиот првенства за кадети, јуниори и јуниори до 21 година откако денес на Европското првенство во Лимасол, Кипар, го освои бронзениот медал во борби. Претходно беше успешна на ЕП 2013 година во Коња-Турција и минатата година во Цирих, Швајцарија.

Pendarovska na piedstal 2 na EP 2016

За денешниот настап вели:

„Имав четири борби, од кои последната беше онаа за финалето, која ја изгубив од Швајцарката Маја Шаерер. Но, тоа беше мотив за уште помотивирано да влезам во борбата за трето место“.

Monika i Abdurahim na EP 2016

Пенадаровска истакнува дека не ја познавала Србинката Вујасиновиќ од порано и дека ова било нивна прва средба.

За пропуштената шанса ќе рече:

„Сепак, од секоја грешка има некоја поука и ново искуство, кое, се надевам, ќе ми служи во иднина во сениорска конкуренција“.

Bosko so Monika i Abdurahim na EP 2016

Пендаровска (-53 кг)  за бронзениот медал се бореше со Србинката Александра Вујасиновиќ и убедливо ја совлада со 7-0. Јуниорката Моника прво со 5-0 ја совлада Словенката Барбара Хаберл, потоа Саде Тигер од Финска 2-0, на ред беше Германката Гизем Бугур (1-0), а во полуфиналето загуби од Маја Шаерер од Швајцарија (0-3).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО