Таборот на Усик се заканува дека ќе му го земе појасот на Гловацки, ако тој не се бори со Укаринецот

188

Usik

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБО, Кшиштоф Гловацки, може да биде лишен од титулата поради одложениот меч со Александар Усик. Ова го изјави генералниот директор на промотерската компанија на Украинецот „K2 Promotions“, Александар Красјук.

Драматичноста е во тоа што еден од промоторите на Полјакот Анджеј Василевски најави дека доброволната одбрана на Гловацки против Американецот Стив Канингем (28-7-1, 13 КО) нема да биде кон крајот на февруари, како што се планираше порано, туку во средината на април. Земајќи ги предвид новите околности, Гловацки нема да може да излезе на рингот против Александар Усик до крајот на мај, како што очекуваа во тимот на украинскиот боксер.

„Токму два месеца пред истекот времето за задолжителната одбрана (приближно во средината на март) шампионот ќе добие писмо од ВБО со барање да одржи  борба со задолжителниот предизвикувач во средината на мај. Во случај да не може сребата да се одржи во зададениот рок, Гловацки ќе биде лишен од титулата“, изјави Красјук.

Александар истакна дека желбата на Гловацки да ја одржи доброволна одбрана на титулата против Американецот Стив Канингем, може да биде солена шега.

„На него и неговиот тим треба да донесат тешка одлука – или да се борат со Канингем во април и да ја загуби титулата, или да се откаже од доброволната одбрана во корист на задолжителниот и да добие, во најмала рака, теоретски шанси да си го заштити статусот на светски шампион на ВБО во меч со Александар Усик“, констатираше Красјук.