Конор Мек Грегор го предизвикува Мејведер работите за расизмот да ги решат во рингот!

Mek Gregor so znameto

Веќе легендарниот боксер, Флојд Мејведер, неодмана на индиректен начин го нарече Ирецот Конор Мек Грегор расист. Ѕвездата на УФЦ не чекаше долго да му одговори на пензионираниот боксер. Во интервју за британски медиум, Мејведер изјави дека расизмот и понатаму е присутен во боречките спортови.

„Ова да биде прв и последен пат да ме поврзуваш со расизам и да го доведуваш мојот успех во прашање. Јас сум Ирец. Мојот народ отсекогаш бил потчинуван, па така е и денес. Во долгата историја на моето семејство, постоеле време кога презимето Мек Грегор било казнувано со смрт. Јас најдобро знам што значат предрасуди. Тоа ми е во крвта. Ти нудам 80-20 распределба на пари од борбата, во моја корист секако, бидејќи твојот последен меч беше смешен. Со 27 години јас сум сега клуч на овој спорт“, му порача Мек Грегор на Мејведер.

Американецот ова му го порача на Конор пред извесно време:

„Јас искрено не го познавам тој Мекрегор. Никогаш не сум го гледал како се бори. Го чув неговото име од еден човек кој работи за мојата компанија. Ми кажа дека тој Мекрегор зборувал многу сра.. и дека луѓето поради тоа го фалат. Кога јас тоа го правев луѓето зборуваа дека сум арогантен и кренат во воздух. Како што кажав и претходно, расизмот и понатаму е присутен во овие спортови”, вели Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО