Конечно: По 56 години и 200 филма, Џеки Чен доби Оскар (ФОТО/ВИДЕО)

dzeki-chen-so-oskar

Мајсторот на боречките вештини, Џеки Чен, конечно на свеченоста во саботата ја доби најпрестижната филмска награда почесниот Оскар за придонес во филмската уметност.

Кога Џеки Чен пред 23 години го видел Оскарот во домот на Сивлестер Сталоне, си ветил дека еден ден ќе има своја златна статуетка.

dzeki-chen-so-oskar-2

„По 56 години во филмската индустрија, повеќе од 200 снимени филмови, многу скршени коски, конечно тој (Оскарот) е мој“!, изјави 62-годишниот актер на свечената церемонија во Лос Анџелес.

Му се заблагодари на својот роден Хонг Конг кој го направил „горд Кинез“ и на своите обожаватели, велејќи дека тие се причината поради којашто „продолжил да снима филмови, да скока низ прозорци, да удира и да прима удари“, да крши коски“.

Џеки Чен, покрај глумата, на своите филмови работеше и како режисер, продуцент и сценарист. Се прослави со своите акробатски боречки стил и талентот за комедија.

Признанието Почесен Оскар е воведено во 1948 година, порано се нарекуваше Специјална награда, ја доделува раководството на американската филмска академија.

Американската академија на филмските уметности, домаќин на традиционалната годишна свеченост, ги подели почесните Оскари и на британската филмска уредничка Ен Коутс, документаристот Фредерик Вајсан и кастинг директорката Лин Сталмастер.

На овој престижен настан присуствуваше холивудската елита:Дензел Вашингтон, Лупита Нионг’о, Никол Кидман, Ема Стоун, Рјана Рејнолдс, Ејми Адамс и Дејв Патела.

https://youtu.be/iy3Bb2gD-Bg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО