Кола удри и усмрти боксерска легенда

Боксот загуби еден од неговите најголеми шампиони. Полицискиот оддел на Вирџинија Бич потврди дека Пернел Витакер, кој е олимписки златен медалист и поранешен светски шампион во три категории, е убиен доцна во недела вечерта, откако е удрен од возило додека поминувал на раскрсница.

Возачот останал на местото на настанот, а истрагата продолжува. Витакер (40-4-1НЦ, 17 KO) си заминува од овој свет со само 55 години. Многумина сметаа дека е еден од најсофистицираните и најдобрите дефанзивни боксери на сите времиња. Ја доби првата шанса за титулата против Хозе Луис Рамирез во 1988 година, но загуби со поделена одлука.

Една година подоцна ја освои титулата во лесна категорија на ИБФ со победа над Грег Хоген, а неколку месеци подоцна му се реваншира на Рамирез и станува шампион и на ВБЦ. Во 1990 година го нокаутира Хуан Назарио во првата рунда и стана неприкосновен шампион во категоријата. Во следните години освојува бројни титули во различни категории и пред битката со Оскар де ла Хоја во 1997 е со скор 40-1-1 во боксот. Губи со одлука Де ла Хоја, а потоа го победи Андреј Пестрјаев, но победата е одземена, затоа што падна на допинг тестот. Следуваат нови два последователни порази, по што се повлекува од боксот во 2001 година во серија од три последователни порази со скор (40-4-1 НЦ).

Влегува во Куќата на славните на боксот во 2006 година, а потоа неколку години е тренер на боксери како Заб Јудах, Калвин Брок и Хоел Хулио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО