Ентони Џошуа се врати на родните корени во Нигерија (ФОТО/ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија – Ентони Џошуа (22-1), ја посети татковината на мајка му и татко му – Нигерија.

Посетата на 29-годишниот Британец предизвика немири во најголемиот град во земјата Лагос, каде мали и големи се собраа, за да го видат поранешниот хегемон во тешката категорија.

ЕЏ ги посети периферните населби на Лагос, иако бил „советуван да не го прави тоа“. Сепак, еден момент го привлече вниманието од турнејата на боксерот од Ватфорд.

Џошуа направи неформална прес-конференција на улица каде што мештаните ги поставуваа прашањата, но едно мало девојче не доби јасен одговор.

Зошто сакаш да се бориш за Британија, а не за Нигерија?

„Мојата мајка и татко се родени во Нигерија“, одговори Џошуа.

„На 25 години заминале во Лондон. Потоа сум се родил јас, а бокс почнав да тренира на 18 години. Сите овие години многу пати доаѓав овде. Дури, кратко време одев и на училиште, но се вратив во Британија како тинејџер“, изјави поранешниот шампион.

Иако не даде точен одговор, треба да се забележи дека боксерот секогаш излегува во рингот со знамињата на Британија и Нигерија до него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО