ОстанатоТаеквондо

Кобра освои 5 медали на Астерикс купот во Ниш

На Меѓународниот таеквондо турние „Астерикс куп“ во Ниш, Србија, 6-мината натпреварувачите на Кобра освоија  5 медали – 2 златни , 1 сребрен и 2 бронзени.

Сениорскиот репрезентативец Дамјан Трајковски (-87) ја предводеше екипата на Кобра кон овој успех, потоа јуниорката Лина Ќустерова ј(А -59),  младинците Горјан Аврамовски, Илија Лазаров, Костадин Гелевски и Филип Каревски.

„Ситуацијата во која се најдовме изминатиот месец, со затворањето на спортските сали и „условите“ кои што ни беа достапни за одржување тренинзи, физичка и таеквондо спрема, ТК Кобра трпеливо упорно и неуморно се посвети на тренажниот процес. И во такви тешки услови успеа да обезбеди навистина одличен пласман“, велат тренерите Коста и Катерина Михајлови кои се задоволни од постигнатите резултати и ветуваат уште поголеми успеси и додаваат:

„Пред нас имаме краток период на подготовка за следниот Меѓународен турнир кој ќе се одржи во Скопје.

Катерина Михајлова, единствениот интернационален и најдобар таеквондо судија од Македонија, по долгата пауза поради корона кризата вчера повторно се најде на татамите во Ниш. Елеонора Пешевска е од судискиот тим на Катерина и таа е бивша репрезентативка од Кобра , вчера заедно со Катерина се издвоија со одличен судиски настап.

На Астерикс купот настапија 1000 натпреварувачи од 20 држави, односно до 100 клуба.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON