25 медали за македонските таеквондисти на „Астерикс опен купот“ во Ниш

Македонските таеквондо клубови на 5. „Астерикс опен куп“ во ниш Србија, освоија вкупно 25 медали во А-класа.

По клубови ситрибуцијата на медали е следната:

Бутел – 16 медали – 3 златни, 3 сребрени  и 10 бронзени

Кобра – 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени

Борец – 2 медали – 1 златен и 1 бронзен

Годел – 1 златен медал.

Хва ранг фист Охрид – 1 бронзен медал.

„Големо браво за македонските теквондисти, имаме силни и талентирани млади генерации кои се надеваме дека ќе одат по стапките на Дејан, Филип и Анамарија“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Инаку, на силниот меѓународен турнир учествуваа 100 клубови од 20 држави со над 1000 натреварувачи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО