Кличко: Вајлдер е опасен за Џошуа

Легендата на професионалниот бокс Владимир Кличко го предупреди својот поранешен ривал и спаринг партнер Ентони Џошуа дека потенцијалниот противник Дионтеј Вајлдер може да биде опасен за него. Се очекува двајцата шампиони во тешка категорија да се борат во следните 12 месеци.

„Не велам дека Џошуа нема да победи, но во Вајлдер има нешто особено – рече Кличко и додаде:

„ Многу е брз за неговата категорија. Има силни раце. Доста е мудар. Се уште има проблеми со техниката, но знае како и каде да удира. Тешко е да се одбраниш од него, затоа што никогаш не знаеш од каде ќе дојде ударот. Џошуа има добри шанси, но Вајлдер е побрз од него“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО