Кличко: Се срамам што боксот има шампион во тешка категорија како Фјури

vladimirklickofuryKaiPfaffenbach

Во текот на деценијата што ja одбележаа Владимир Кличко во тешка категорија многумина го нарекоа здодевен, како во рингот така и надвор од него.

Со доаѓањето на Тајсон Фјури на врвот добија еден сосема поинаков првак и некои кои го сметаа Кличко за досаден, сега би се радувале се да е по старо.

И самиот Кличко, кој во текот на целата кариера остана запаметен по господарското однесување, верува дека Тајсон Фјури е срам  за спортот. „Кралот на Циганите“ со изјавите за хомосексуалците и жените предизвика остри осуди.

„Се срамам што боксот има шампион во тешка категорија како Фјури“ изјави Украинецот за Ток спорт.

„Јас не прифаќам ништо излегува од неговата устата, многу луѓе тоа го сметаат за срамно. Изјавите што ги дава не се работи кои би требало да ги зборува светски шампион во тешка категорија. Многу фанови Кличко, па дури и од Манчестер, велат: „Ве молиме, направете го тоа за нас , нокаутирајте го“!

„Јас сум тука, во Манчестер, во неговиот роден град и барам одмазда“.

„Во првата борба згрешив и за прв пат по 11 и пол години загубив. Во минатото, по сите три порази секогаш се враќав посилен и повторно ќе се вратам“.

Пред Фјури, Кличко губеше со нокаути  Рос Пурити, Кори Сандерс и Лемон Бревстер, но се врати и заседна на престолот како неприкосновен владетел на тешка категорија.

Возвратниот натпревар меѓу Фјури и Кличко ќе се одржи во „Манчестер арена“ на 9 јули.

https://youtu.be/qv3mAP8pjkM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО