Енфужн понудил 500 илјади евра за борбата Бадр Хари-Рико Верховен

Badr Hari- riko Verhoven

Шампионот на Глори, Рико Верховен, на телевизиска емисија пред две недели изјави дека е подготвен да се бори со Бадр Хари.

Мароканецот на социјалните мрежи објави: Предизвикот е прифатен!

Предизвикот на Верховен повеќе беше поттикнат од прашањето на водителот, наместо тој самиот да го започне, а најголемото прашање беше во која организација би можеле оваа борба да се одржи.

Се јавил промоторот на Енфужн, Едвин ван Ос во емисијата „Пепток“ и понудил 500.000 евра за организацијата на мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО