Фјури се соблече гол пред Кличко (ВИДЕО)

Fjuri gol na pres

Тајсон Фюри се соблече гол до половина за време на првата официјална прес-конференција за реваншот против Владимир Кличко.

Конференцијата за медиумите се одржи во салата „МЕН арена“ во Манчестер, каде ќе се одржи и натпреварот. Средабата е закажан за 9 јули. Билетите ќе чинат меѓу 50 и 1.000 фунти.

Тие се сретнаа прв пат по нивниот прв меч во ноември. Тогаш на изненадување на сите Англичанецот го победи Кличко и ја запре неговата серија на победи. За време на брифингот Украинецот изгледаше исклучитлено мирен. Тој не престана да се насмевнува.

„Направив грешка во мечот со Фјури и оваа грешка ми чинеше титулите. Фјури има одлични вештини. Не се согласувам со начинот на кој зборува. Луѓето очекуваат нешто од шампионот. Тој треба да го претставува спортот на еден добар начин“, рече Кличко.

Фјури не остана должен на нападите.

„Кличко беше победник толку долго време, бидејќи се бореше со противници кои знаеја дека нема да може да го добијат. Тој долго време мамеше, а на чесен начин немаше како да победи. Овој меч ќе биде различен, бидејќи мислам да го нокаутирам за една рунда“.

И Украинецот рече дека планира да го нокаутира Тајсон Фјури.

„Мотивирани сум повеќе од кога било“, додаде Кличко.

Фјури одлучи да покаже нешто од својата смешна страна на крајот на прес-конференцијата. Тој се соблече и се сврте кон новинарите.

„Дебел сум како свиња. Можам да го победам уште овде и сега. Дебелковците знаат доста работи, но и дури вон форма секогаш ќе најдам начин да те победам“.

Британските новинари успеаја да го изнервираат Кличко. Тие го прашаа неколку пати дали навистина мами со рингот и со бандажирањето на рацете. Украинецот побесне кога го прашаа дали ќе се откаже од боксот ако ја загуби средбата, но одби да одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО