ЕКСКЛУЗИВНО: Мани Пакијао бил цел на терористичко киднапирање

Pakijao zamvanuva

Филипинскиот претседател изјави дека Мани Пакијао бил мета на терористичката група Абу Сајаф.

Тоа е група која пред два дена му ја се отсече главата на канадски турист.

Претседателот Бенињо Акино III изјави дека нивна цел биле неговата сестра и едно од нејзините деца, и дека милитантите планирале да го киднапираат и светски шампион во осум тежински категории.

Рече дека планирале и бомбашки напади во Манила за да изнудат финансирање на ИСИС.

Но, плановите пропаднале откако биле откриени.

Акино терористичка група ја опиша дека себеси се претставуваат како исламски борци за слобода, или „се однесуваат како криминалци фокусирани на богатење со земање на заложници за откуп“.

Пакијао се кандидира за Сенатот на Филипините, а изборите се на 9 мај. Тој е конгресмен од 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО