Џошуа и Бризил за 30 минути ја распродадоа лондонската Арена

Entoni dzosua Martin

Билетите за борба за светски шампион на ИБФ во тешка категорија се распродадени за само 30 минути.

Ентони Џошуа на 25 јуни во „О2 арената“ во Лондон за прв пат ќе ја брани титулата против Американецот Доминик Бризил. Британецот ја освои титулата во април со нокаут против Чарлс Мартин.

Капацитетот на „О2 арената“ е 20.000 седишта.

„Во моментов во светот на боксот нема побарани билети од оние за Ентони Џошуа, а тој го докажа тоа денес со распродажабата на „О2 арена“. Како патувањето продолжува ќе треба да размилсуваме за се поголеми стадиони за да ги задоволиме барањата“, рече промоторот на Џошуа, Еди Херн.

На настанот ќе се бори и Џорџ Гровс кој во 2014 година пред 8.000 луѓе на Вембли се бореше против Карл Фроч. Тој во борба за прв предизвикувач во супер средна категорија на ВБА се сретна со Мартин Мареј.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО