Кличко плаќа по 500 евра по рунда на спаринг-партнерите

vladimir-klitschko rakavici

Штабот на Владимир Кличко плаќа околу 500 евра по рунда за спаринг-партнерите со кои тренира светскиот шампион. Кличко се подготвува напорно за одбраната на титулата на Меѓународната боксерска федерација (IBF) против Кубрат Пулев, јавува „24 Часа“.

Еден од многубројните спаринг – партнери на Кличко откри дека тој бил ослободен по само еден тренинг, бидејќи неговиот стил не личел на оној на Кобрата.

„Тоа беше одлично искуство за мене. Додека бев во рингот со Кличко, постојано требаше да сум на штрек, бидејќи тој не те остава да мируваш ниту една секунда“, објасни Дејвид Ален (22 год).

Британскиот боксер се испушти пред The Star дека му платиле по околу 500 евра рунда плус авионскиот билет за Австрија , каде што на украинската ѕвезда му е кампот за подготовки.

Долгоочекуваниот натпревар на меѓу Кличко и Пулев ќе се одржи на 15 ноември во Хамбург .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО