Кличко нешто над 111 килограми, Фјури половина килограм потежок! (ВИДЕО)

kličko fury merenje

Владимир Кличко и Тајсон Фјури го поминаа мењето за нивниот долго очекуван меч, што ќе се одржи утре во Дизелдорф. Разликата меѓу нив беше само половина килограм, а најголемото изненадување беше исклучително мирниот и сталожен Фјури, кој се однесуваше спротивно од сите претходни средби со Украинецот.

Кличко тежи 111,2 килограми, а Фјури точно половина килограм повеќе. Она што медиумите и фановите го очекуваа е што овој пат ќе направи Фјури, но овој пат Британецот го одработи мерењето, размени неколку зборови со Кличко, а потоа се ракуваше со него.

Најважното ќе се случи утре, кога борците ќе влезат во рингот, а  Фјури, според многумина, треба да биде најтешкиот противник на Кличко, уште од борбата против Дејвид Хеј. Утре ќе дознаеме колку има вистина во тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО