Кличко и Фјури ќе имаат допинг тест

fjuri-go-udira-klicko

Менаџерот на Владимир Кличко изјави дека противникот на неговиот пулен Тајсон Фјури ќе биде подложен на допинг тест пред реванш мечот кој ќе се одржи следниот месец.
Бернд Бонте, менаџерот на Украинецот, ја прецизира допинг постапката како задолжителна и за двајцата, бидејќи запишана во договорот за мечот. Битката за неколку титули во супер тешка категорија ќе се одржи на 29 октомври во Манчестер и ќе ја контролира Доброволно антидопинг асоцијација чија канцеларија е во Лас Вегас.

Фјури го победи Кличко во ноември минатата година и му ги одзеде титулите во три верзии- ВБО, ВБА и ИБФ. Реваншот првично беше закажан за 9 јули, но се одложи поради повреда на глуждот на Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО