Спортистите даруваа крв во „Борис Трајковски“

martin-nestorovski-daruva-krv

Денеска спортистите даруваат крв во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ по повод Меѓународниот ден на мирот.

Акцијата ја покренаа двократниот европски шампион во автомобилизам Игор Стефановски – Иџе во соработка со Општинската организација на Црвен крст Карпош и Институтот за трансфузиона медицина и Агенцијата за млади и спорт. Акцијата се одржа под мотото „Спортистите даруваат“, нагласувајќи дека „Заедно да спасиме живот на некоj иден шампион“!

Во „Борис Трајковски“ даруваа крв многу сегашни и поранешни асови на македонскиот спорт, предводени токму од популарниот Иџе.

Меѓу оние што даруваа крв беше носителот на бронзениот медал од Олимписките игри во Монтреал 1976 година, боксерот Аце Русевски и освојувачоте на бронзените медали од Европското карате првенство и Европските игри, Мартин Несторовски.

„За мене дарувањето крв е една огромна работа, бидејки помислата дека тие 400 грама крв можат да спасат нечиј човечки живот и дава посебно значење.

Јас и препорачувам сите да го прават истото, бидејќи секој може да одвои 10 минути од својот живот и да дарува крв и да спаси нециј друг“, рече Мартин Несторовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО