Кличко ги отфрли гласините за враќање

Владимир Кличко ги отфрли гласините за враќање во рингот.

Неодамна британскиот новинар Стив Бунс на радио Би-Би-Си изјави дека слушнал оти Кличко се враќа и дека поранешниот владетел во тешка категорија на 13 април на Вембли ќе се бори против Дилиен Вајт.

Овој датум е резервиран за следната борба на Ентони Џошуа, но постои и опција ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот во тешка категорија следниот меч да го направи во Америка против Џарел Милер.

Кличко со текстуална порака до новинарот на Спорнт илустрејд Крис Маникс ги демантираше тие наводи и додаде дека ова е „лажна вест“.

Украинецот последен пат се бореше во април 2017 година, кога пред 90 000 гледачи на Вембли беше поразен од Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО