Херн: Поголеми се шансите Џошуа да се бори со Фјури отколку со Вајлдер

Еди Херн вели дека поголеми се изгледите Ентони Џошуа да се бори со Тајсон Фјури отколку со Дионтеј Вајлдер.

Промоторот на Џошуа нуди борба за април и за едниот и за другиот, без оглед на најавениот реванш меѓу шампионот на ВБЦ во тешка категорија и Фјури.

„Да се ​​каже дека кампот Вајлдер стивнал е многу благо кажано. Веројатно сме веќе на шест неодговорени меилови. Пред неколку дена им испратив уште еден само за да ги прашам дали овие претходните завршија во спамови“, изјави Херн за Скај спорт.

„Тоа е фрустрирачко, бидејќис одам по улица и ме прашуваат: Кога ќе се бори со Вајлдер? Им велам кога ќе посакаат, но понекогаш публиката сака да верува на борец кој по цел ден виси на Инстаграм“.

„Да сакаат борба, би разговарале со мене. Дури не сакаат и да разговараат со нас. Праќавме понуди, нудевме поделба на процентите. Направивме се што можевме за да ја договориме таа борба“.

„Мислам дека во овој момент поголеми се шансите ЕЏ да се бори со Тајсон Фјури. Тој е човек кој знае дека ако сака може да ја добие борбата. Знае дека ако сака да се бори со Џошуа дека тоа може да се случи на 13 април“.

Останатите опции се Дилиен Вајт и Џарел Милер.

„Тука се Дилиен Вајт и Џарел Милер. Џошуасе врати од одмор и почна со тренинзите. Тој сака да знае кој ќе му биде противник. Веројатно имаме уште 10 дена до 2 недели пред да мора да го повлечеме чкрапалото“.

„За сите овие момци што ги спомнав, особено, Вајлдер, Фјури и Вајт, ова е трка со времето. Утрово бев со Дилиен. Сака голем договор за борба со Џошуа. Не го обвинувам. Помина тежок пат да биде во местото првпредизвикувач“.

„Може да чека да стане задолжителен предизвикувач, но ако сака да се бори за титулата светски шампион на 13 април има прилика за тоа“.

„Ова е речиси како трка со времето. Сите добија понуди и секој може да потпишат секој момент. Но, го сакаат ли тоа? Некои понуди и ќе бидат подобрени, а време е тие да се покажат или да замолчат“.

„Ако сакате да ги освоите сите четири појаси, ако верувате дека можете да го победите Ентони Џошуа, одиме. Но сите сакаат да преговараат, имаат право на тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО