КК Штип екипен првак на Македонија, втор пат во историјата (ФОТО)

Карате клубот Штип по втор пат е екипен првак на Македонија откако во финалето го совлада големиот ривал макептрол со 3-2. Победи за титулата извојуваа Жарко Арсовски, Григор Хаџикимов и Цане Давитков.

Претходно, штипјани на Државното карате првенство за сениори и во полуфиналето покажаа класа и славеа над силната екипа на Металург со 5-0.

Првата екипна титула КК Штип ја освои во 2018 година, тогашво состав Жарко Арсовски,Емил Павлов и Столе Јордев.

Денеска по вторпат КК Штип стана шампион на Македонија, и тоа без најдобриот каратист, Емил Павлов, кој беше ослободен од оврските заради меѓународните настапи што го очекуваат.

„Со големо срце и желба за успех се бореа на татамито. Заслужено ја освоивме екипната титула . На нашиот град му подаривме уште еден голем успех- титула, рече тренерот Сашко Арсовски, кој е и селектор на македонската карате репрезентација.

Арсовски на сите каратисти од клубот им го честита успехот.

Во поединечна конкуренција Бојана Манева го освои сребрениот медал во најинтересната борба на првенство, а бронзи освоија Бобан Џамѓозов и Цане Давитков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО