Сребрен за Бесир Алили, бронзен за Елмедин Сејфулаху на „Петко Сираков“

216

На Меѓунардониот турнир „Петко Сираков“ во Софија, Бугарија, македонските борачи освоија уште три медали – 1 сребрен и 2 бронзени. Бесир Алили освои сребрен, Елмедин Сејфулаху и Увејс Фејзула бронзени.

Борачите до 23 години освоија вкупно пет медали.

Европскиот кадетски шампион Бесир Алили (-57 кг) во финалето загуби Мехмед Мехмед од Бугарија.

Елмедин Сејфулаху (-65 кг) во борбата за  бронзениот медал го совлада Бугаринот Иван Стојанов. Увејс Фејзула (-125 кг) освои бронза.

Вчерашниот ден Реџеп Хајдари (-92 кг) освои златен, Фати Вејсели (-70 кг) бронзен медал.

Резултати.

Фото: БФБ