Кире Лазаров на кик бокс тренинг со селекторот Дејан Митровски – Урко

Македонскиот ракометен ас Кире Лазаров својата кондиција ја одржува и кога е на одмор и далеку од сите ракометни обврски, па така беше и деновиве кога во Скопје направи тренинг кондициски тренинг со селекторот на кик бокс репрезентацијата Дејан Митровски – Урко.

Митровски вели дека Кире кога е во Скопје постојано доаѓа во неговата сала и работат вежби за ексклузивност и зајакнување на мускулите. Од друга страна, Лазаров ќе пренесува искуствата од Баселона во однос на поставеноста на еден тренинг.

Во секој случај корисна соработка, а и прилика за многу млади спортисти лично да дознаат како се стигнува до врвни успеси со работа и дисциплина.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО