Кикбоксот и самбото станаа дел од олимпиското семејство

Кикбоксот и самбото станаа дел од олимпиското семејство.

Кикбоксот под организацијата ВАКО (Светска асоцијација на кикбоксинг организациите) и самбото под ФИАС (Меѓународната самбо федерација) се примени во привремено члентво во Меѓународниот олимписки комитет на три години.

Овие федерации сега ќе може да добиваат средства од Меѓународниот олимписки комитет и да аплицираат за програми за развој се додека чекаат за полноправно членство.

Привремената претседателка на ВАКО, Франческа Фалсони, кој го наследи Борислав Пелевиќ кој почина во октомври, се обрати преку официјалната веб-страница на ВАКО федерацијата.

„Почитувани членови на ВАКО

Со голема гордост, како привремена претседателка, ја објавувам најдобрата вест за ВАКО семејството кога и да било.

Меѓународниот олимписки комитет денес го прими ВАКО во привремено членство.

Одлуката е донесена денес на состанокот на Извршниот одбор во Токио по препорака на Одделот за спорт на МОО.

ВАКО во последните години доживеа огромен развој и навистина чувствуваме дека сите ни припаѓа ова признание. Сета наша напорна работа, фокусот на развојот, трпеливоста, посветеноста и работата на способниот тим конечно се исплати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО