Вероника Костовска е балкански шампион, 7 медали за Македонија во Дубровник

Вероника Костовска (-61 кг) го освои златниот медал на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во конкуренција на млади сениори (У-21). Костовска во финалето славеше против Хрватката Лаура Фучиќ со 1-0. Македонија првиот ден освои 7 медали – 1 златен, 1 сребрен и 5 бронзени.

Нашата репрезентативка претходно забележа три победи над Моника Јуришиќ, Азра Башиќ и Кијмет Дикер (Турција).

 

Медалите ги освоија:

У-21 борби -61 кг Вероника Костовска – златен

У-21 кати – Матеа Талеска – бронза

У-21 борби -50 кг Верона Ајдини – бронза

У-21 борби -55 кг Сара Крстевска – бронза

Јунири кумите -53 кг Марија Милева – бронза

Јуниори ката

Марко Бунтески – сребрен

Александар Неделковски – бронзен

Сања Цветковска (+59 кг) во борбата за бронзениот медал загуби од Тамара Живковиќ од Србија со 0-9, иако претходно имаше три победи и беше поразена во полуфиналето од Црногорката Милена Јовановиќ 0-2.

Драгана Манговска (-50 кг, У-21) во борбата за бронзениот медал загуби од Рабија Елик од Турција со 0-3.

Интересно е да се забележи дека во кати јуниори освивме два медала – сребрен и бронзен, при што за третото место се бореа наши репрезентативци. Од дргуга страна, шампионот  Енес Оздемир (Турција) потешка работа имаше во полуфиналето со Александар Неделковски, го совлада минимално 3-2, додека во финалето ја забележа и втората ппобеда против репрезентативец на Македонија и славеше со 5-0 над Марко Бунтески.

Резултати
јуниори
-53 кг
Марија Милева – Дамла Оџак (Турција) 1-4
Репасаж
Марија Милева – Елина Папагеоргиу (Кипар) 3-0
За бронза
Марија Милева – Петра Жељко (Хрватска) 5-1

Кати
Марко Бунтески – Урош Субота (Србија) 3-2
Марко Бунтески – Кенан Никочевиќ (Црна Гора) 3-2
Марко Бунтески – Бор Хартл (Словенија) 5-0
Финале
Марко Бунтески – Енес Оздемир (Турција) 0-5

Александар Неделковски – Јан Хартл (Словенија) 5-0
Александар Неделковски – Марко Стеванчевиќ (Србија) 4-1
Александар Неделковски – Енес Оздемир (Турција) 2-3
Репасаж за бронза
Александар Неделковски – Георги Бановски (Македонија) 3-2

У-21 кати
Матеа Талеска – Ема Гојакиќ (Србија) 3-2
Матеа Талеска – Миа Рогановиќ (Црна Гора) 3-2
Матеа Талеска – Николина Ѓургевиќ (Црбија) 0-5
Репасаж за бронза
Матеа Талеска –Марија Кљаевиќ (Црна Гора) 5-0

У-21
-50 кг
Верона Ајдини – Миа Мијовиќ (Србија) 4-3
Верона Ајдини – Урса Хаберл (Словенија) 0-4
Репасаж за бронза
Верона Ајдини – Лејла Ахметовиќ (Босна и Херцеговина) 1-1 – прв освоен поен за Ајдини

-55 кг
Сара Крстевска – Џејна Џафербеговиќ (БиХ) 0-0
Сара Крстевска – Изабела Полифорние (Романија) 3-0
Сара Крстевска – Дина Дурмиш (Србија) 0-0
Репасаж за бронза
Сара Крстевска – Андреа Драгојевиќ (Црна гора) 0-0 – на изјаснување за Крстевска

-61 кг
Вероника Костовска – Моника Јуришиќ (Србија) 2-0
Вероника Костовска – Азра Башиќ (БиХ) 3-0
Вероника Костовска – Кијмет Дикер (Турција) 1-0
Финале
Вероника Костовска – Лаура Фучиќ (Хрватска) 1-0

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО