Кикбоксерите ќе настапат на „Балкан опен 2016“ во Тешањ

Ненад Манојловски и Димитар Георгиев
Ненад Манојловски и Димитар Георгиев

Македонските кикбоксери од повеќе наши клубови ќе настапат на Меѓународниот отворен куп „Балкан опен 2016“ во Тешањ-Босна и Херцеговина.

Нашите 24 кикбоксери од Скопје, Штип, Велес, Кавадарци, Делчево, Неготино и други клубови, кои ќе настапат како ВАКО Македонија, ќе ги предводат светските прваци Димитар Георгиев и Ненад Манојловски.

Натпреварите се во К-1, лоу кик, лајт контакт, кик лајт и поинт фајт, а се очекува да има учесници од повеќе од 15 земји од регионот и 464 натпреварувачи од 79 клубови.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО