КФМ не ги прифати барањата на КК Металург

Карате федерацијата на Македонија одговори негативно на барањата КК Металург во писмена форма, а во врска со забелешките и предлозите за измени и дополнувања на Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции на Република Македонија.

„Ве информираме дека Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија на седницата одржана на 01.07.2017 година година го разгледавашиот допис и ви го доставува следните одговори:

1.Предлогот за измена во член 2 став 2 и наместо постојниот текст се предлага следниот текст:

„На тренерот на учесникот на олимписките игри на предлог од тренерите на државните  репрезентации му се обезбедува стручен тим (кој го избира ИО на КФМ) кој заедно со него ќе го  подготвува кандидатот“, – не се прифаќа.

Потоа се наведуваат причините зашто не е прифатен:

„Предлогот не корелира со правата и обврските на ИО на КФМ да избере Стручен тим кој успешно ќе ги подготвува репрезентативците за настап на Олимписки игри. Предлогот на КК Мерталург упатува на обврската на ИО за секој тренер на репрезентативец да му обезбеди Стручен тим што значи би имале повеќе Стручни тимови за една репрезентација што е нелогично и неприфатливо.

Одредбата од овој член овозможува тренер на државната репрезентација да биде и тренер на спортист кој ќе учествува на Олимписките игри, како и во Стручниот тим да бидат и тренерите на спортистите кои учествуваат на Олимписките игри, за што одлука донесува ИО на КФМ.

Со постојниот текст од Правилникот е уредено и прашањето (што до сега не беше така) за усогласување со одредбите од Законот за спорт и Правилниците на Агенцијата за млади и спорт, според кои доколку во постигнатите резултати учествувал Стручен тим, следи соодветно вреднување и наградување за постигнати врвни резултати на предлог на федерацијата“.

2.Предлогот за измена на член 3 и истиот да гласи:

„Тренерите на државната репрезентација се избираат за период од 4 години. Во случај ИО на КФМ да оцени дека не е задоволен со нивната работа со своја одлука може да ги разреши“.

Не се прифаќа од следните причини:

„Со постојната одредба од Правилникот се обезбедува ИО на КФМ да го процени периодот за кој ќе го избере тренерот на државната репрезентација и Стручниот тим. Определување на мандат (термин кој не е соодветен за спортот туку за политиката) од 4 години може и да не се совпаѓа со периодот за кој е избран ИО. Воедно одржувањето на Олимписките игри од моментот на избор на тренер на државната репрезентација може да не бидат за 4 години туку помалку или повеќе. Од тие причини понуденото решение во Правилникот е посоодветно“.

3.Предлозите за менување на Правилникот наведени во точка 3, 4 и 5 од дописот се прашања кои ИО ги донел врз основа на консезуално усвоени предлози на работни групи на Комисиите составени од тренери на клубови во состав Бошко Заборски, Арлинд Хусеини, Александар Кузмановски, Мирче Јанушевски, Елвир Куртановиќ, Јован Лазарев, Стојан Андриевски, Никола Панчев, Петар Белистојаноски, Бранко Тасевски и членови на ИО Бесник Мурати, Зоран Ѓорѓески, како и Димитар Аргакиев, донесени на повеќе одржани состаноци на 23.01.2016, 11.02.2017, 01.03.2017, 05.03.2017, 08.03.2017 година за што постојат Записници од одржаните состаноци. Овој дел од Правилникот не е менуван во однос на утврдените и прифатените предлози од Комисиите.

Овие прашања од предлозите по точка 3, 4 и 5 може да биде предмет на разговор и утврдување на консензуален предлог од страна на работните групи кои би важеле за идната натпреварувачка година.

4.Предлогот од точка 6 во текстот во член 8 претпоселеден став ред втори да се избришат зборовите „по предлог на претседателот“ не се прифаќа од следните причини:

„Претседателот на КФМ, според Стаутот на Федерацијата, е одговорен за почитување на законите, стутарните одредби, правилниците и правилата на ВКФ и ЕКФ. Согласно оваа одредба тој е должен да даде предлог да се направи антидопинг контрола. Доколку не го стори тоа тој сноси одговорност“.

5.Прашањето за наградување на тренерите на клубовите и тренерите на државната репрезентација и Стручниот тим е уредено во член 23 и 24 од Правилникот. Со ваквата уреденост на прашањето (не со фиксно утврден сооднос 80% за тренерот на клубот и 20% за тренерот на државната репрезентација) му овозможува на ИО да процени и правично да ги награди и му предложи на Агенцијата за млади и спорт на РМ наградување и во поголем процент, според учеството и придонесот во постигнатиот резултат на репрезентативецот на тенерот на клубот, како и да се избегне наградување на тренер на клуб кој само формално фигурира, а не придонел ништо со својата работа во постигнување на резултатот на репрезентативецот.

Овие одлуки се потпишани од претседателот на КФМ,  Драган Стојановски.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО