КФМ на државните прваци целосно ќе ги покрие трошоците, на вторите половично за Балканското првенство

Откако напишавме дека црногорските клубови се бунат против извстеувањето на Карате сојузот на Црна Гора нивните репрезентативци да плаќаат по 100 евра за учество на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година кое се одржува во нивното Игало кај Херцег Нови од 10-12 декември, а дека нашите клубови ќе треба да платат околу 25.000 евра, следи реакција на Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

Имено, Извршниот одбор на КФМ на седница одржана на 2 декември донел одлука на сите првопласирани каратисти на Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година целосно да им се покрие трошоците за сместување и котизации, додека на второпласираните да им се покрие половина од трошоците за сместување и котизации.

Исто така на сите натпреварувачи, службени лица и тренери превозот ќе го покрие КФМ.

Одлуката е за поздравување, но прашање е дали секогаш треба некој да ги поттурне работите, односно медиумите. Од друга страна, е и непринципиелно, затоа што ќе беше подобро ова да се соопште пред почетокот на борбите на Државното првенство со што ќе се мотивираа каратистите и воедно да се почувствуваат горди на својата Федерација, а вака, пак, е направена дискриминација спрема одредени спортисти.

Во многу клубови се направени уплати за ова првенство, затоа ќе биде умесно да бидат известени дека треба да се вратат парите на родителите, за да не се направат злоупотреби на парите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО