Кел Брук го скроти Амир Хан во 6-тата рунда (ВИДЕО)

Кел Брук одбележа силна вечер со победа над Амир Хан.

Двајцата боксери имаат по 35 години, а иако Брук изгледаше побавен, Хан по 2-годишното отсуство изгледаше лошо од првата рунда.

Хан на почетокот доби силен удар, но не се предаде до крајот. Во последните две рунди изеде многу ќотек од Брук додека судијата не ја прекина борбата.

Ривалството меѓу нив датира уште од тинејџерските години. Тие се поранешни соборци на младинската репрезентација на Англија, но на 18 години Хан освои сребро од Олимписките игри и е милионер. Брук, од друга страна, мислеше дека е подобар од него и оттогаш го предизвикува, додека Хан намерно го држеше настрана.

Во нивната битка нападите на Хан изгледаа диви, а Брук изгледаше побавно, но не толку колку што многумина се плашеа.

Во петтата рунда Хан целосно загуби, а Брук доврши со десни крошеа, а во шестата судијата го прекина мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО