Логан Сторли го победи Нејман Грејси, а Корешков за 38 секунди го совлада Рекаунтри (ВИДЕО)

Американскиот ММА борец Логан Сторли (13-1) го победи Бразилецот Нејман Грејси (11-3) со едногласна одлука на судиите на настанот Белатор 274 во Анкасвил.

Иако нивниот меч беше најавен како пресметка меѓу борач и граплер, речиси целиот настан се одвиваше на борба во стој.

Првиот дел од пресметката помина во тактичко надмудрување во кое и двајцата ја бараа својата можност која не ја добија. И двајцата беа многу внимателни.

По слабото темпо во првите три рунди, продолжението понуди многу повеќе акција. И двајцата беа видно уморни и почнаа да грешат.

Во четвртата рунда Сторли ги презеде работите во свои раце и ја контролираше борбата.

Во последната рунда се видоа многу акции, но Американецот имаше целосна контрола над борбата и мирно го приведе мечот до крај, а судиите едногласно му ја доделија победата (48-47, 50-45, 49-46). .

Тоа беше втора победа во низа за Сторли и трет пораз на Грејси во последните пет натпревари.

Во борбата за титулата Русинот Андреј Корешков со прекин по само 38 секунди го совлада американскиот борец Ченс Ренкаунтри.

Белатор 274 резултати:
Логан Сторли – Нејман Грејси – едногласна одлука (48-47, 50-45, 49-46)
Андреј Корешков – Ченс Рекаунтри – ТКО, Р1 (0:38)
Адам Пиколоти – Георги Карахајан – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Бренан Вард – Брендон Бел – ТКО, Р2 (0:32)
Френклин – Саид Сома – поделена одлука (29-28, 28-29, 30-27)

Воведни борби:
Ник Браун – Мандел Нало – ТКО, Р2 (2:20)
Џејлон Бејтс – Крис Дисонел – завр.(давење од позади), Р3 (3:39)
Боби Кинг – Авив Гозали – ТКО, Р1 (5:00)
ДеАна Бенет – Џастин Киш – едногласна одлука (30-27, 30-26, 30-26)
Џордан Њуман – Коди Херберт – едногласна одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Џастин Монталво – Кори Самуелс – ТКО, Р1 (2:43)
Исаија Хокит – Теодор Мачука – тех.завр. (гушење од позади), Р1 (3:57)
Џонатан ДиЛоренцо – Орландо Мендоза – завр. (брабо гушење), Р1 (1:07)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО