Џамахал Хил со брутален нокаут го победи Џони Вокер

Џамахал Хил (10-1) го докажа своето место во полутешка категорија на најголемата светска ММА промоција со настапот на УФЦ Фајт најт 201 во Лас Вегас.

На крајот на третата минута од првата рунда американскиот борец со брутален нокаут го совлада Бразилецот Џони Вокер (18-7) и стигна до втората победа во низа.

„Дефинитивно ја сакам титулата“, изјави Џамахал Хил по победата, додавајќи:

„Подготвен сум да се борам за шампионскиот појас. Дефинитивно ќе разговарам со раководството на промоцијата, па ќе видиме што ќе биде понатаму.

Двајцата влегоа отворено во мечот, при што Вокер прв го погоди телото. Тие продолжија да разменуваат удари, а потоа одеднаш силен светна удар со десната рака на Хил, за да го заспие противникот. Тоа беше втор пораз во низа за Вокер и четврти во последните пет средби.

Тој беше награден со 50.000 долари за неговата изведба, како и Кајл Даукаус, кој во сонасловната борба со зафат „D’Arce choke“на крајот од првата рунда го победи Џејми Пикет.

Резултати на УФЦ Фајт најт 201:
Џамахал Хил – Џони Вокер – КО, Р1 (2:55)
Кајл Даукаус – Џејми Пикет – заврш. (D’Arce choke), Р1 4:59
Паркер Портер – Алан Бодо – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Џим Милер – Николас Мота – ТКО, Р2 (1:58)
Жоакин Бакли – Абдул Разак Алхасан – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)

Воведни борби:
Дејвид Онама – Габриел Бенитез – КО, Р1 (4:24)
Стефани Егер – Џесика-Роуз Кларк – завр. (армбар), Р1 3:44
Час Скели – Марк Стригл – ТКО, Р2 (2:01)
Глорија де Паула – Дијана Белбица – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Чад Анхелигер – Џеси Страдер – ТКО, Р3 (3:33)
Џонатан Пирс – Кристијан Родригез – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Марио Баутиста – Џеј Перин – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-26)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО