Казимеро поуспешен од Ригондо за одабрана на ВБО титулата (ВИДЕО)

Флипинецот Рион Риел Казимеро (31-4, 21 КО) на боксерски настан во Карсон со поделена одлука на судиите го победи Кубанецот Гилермо Ригондо (20-2, 13 КО, 1НК) и ја одбрани титулата ВБО во бантам категорија.

Гледачите можеа да видат малку нешто интересно во нивниот судир од 12 рунди.

Казимеро бараше борба во текот на целиот меч, но Кубанецот вешто избегна каква било поконкретна акција. Дури и за време на третата рунда, промоторот на Казимеро, Шон Гибонс неколку пати гласно викна до Ригондо.

„Престани да трчаш!“, Шон Гибонс викаше од своето место до рингот.

Филипинскиот борец така стигна до седмата победа по ред, додека за Ригондо тоа беше втор пораз во професионалната кариера.

А колку беше неинтересен мечот покажува бројот на удари што ги испорачаа боксерите, Казимеро погоди 47, а Ригондо 44 удари, премалку за врвни борци.

„Во пресрет на средбата тој рече дека нема да трча околу рингот, но го правеше тоа цело време. Се надевав на нокаут, но постојано избегнуваше борба“, изјави Џон Риел Казимеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО