Шокантна исповед на Пејџ ван Зант: На сопругот му реков дека повеќе не сакам да живеам (ВИДЕО)

Поранешната воинка на УФЦ, 27-годишната Пејџ ван Зант, пред една година потпиша договор со промоцијата за бокс со голи раце БКФЦ.

Американката веќе имаше два меч во бокс без ракавици и ги загуби и двата, во февруари против Бритаин Харт, а пред неколку недели беше и од Рејчел Остович.

Особено тешко го преживеа последниот пораз од Рејчел, брзо ја напушти арената, но и салата, не беше расположена за каквабило изјава. На својот видео блог, таа открива низ каква траума поминала по средбата.

„Кога го напуштив рингот, не отидов во соблекувалната туку веднаш на паркингот. И тогаш добро се исплакав. На сопругот му открив какви проблеми имам и како не ми е баш добро. Му реков дека повеќе не сакам да живеам, дека сето ова повеќе не е за мене. Бев разочарана и беше многу тешко. Сите очекуваат да загубам“, рече Пејџ ван Зант и продолжи:

„Имам чувство дека луѓето ме гледаат поинаку и немаат почит кон мене. Неверојатно е колку некој може да мрази некого, не разбирам зошто. Горда сум на себе затоа што сум добра личност. Мислам дека тоа е најважното нешто. Никогаш не кажувам лоши работи за моите противници, ниту пак кажувам негативни работи за нивниот карактер. Никогаш не можете да знаете како се чувствува една личност во тој момент“.

Сопругот на Пејџ, Остин Вандерфорд (11-0) е успешен во Белатор, а неговиот следен настап ќе биде против Гегард Мусаси за појасот во средна категорија.

„Понекогаш е тешко во бракот помеѓу Остин и мене, тој секогаш победува, а јас постојано губам. Но, неговиот успех е единственото нешто што ме тера, бидејќи имам чувство дека заедно победуваме. Неговата следна борба ќе биде за појас, и знам дека ќе победи. Знам колку тоа ќе ни значи и јас сум многу среќна и горда на него. Сега се чувствувам многу подобро“, подвлече Пејџ ван Зант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО